| четврток, 6 декември 2018 |

Џихадистите држат десетици заложници во болница во Рамади

Борците од џихадистичката групацијата Исламска држава (ИД) задржаа како заложници десетици вработени во болница во ирачкиот град Рамади, јави ТАСС.

isis3

Повеќето од заложниците се медицински лица од болницата, која се наоѓа во центарот на градот.

Ирачката армија вчера почна операција за ослободување на централниот дел на Рамади од борците од ИД.

Изминатото деноноќие армиски единици, поддржани од одреди на отпорот против исламистите, напредуваа кон централните делови на Рамади, кои се под целосна контрола на исламистите.

Главна цел на ирачката армија е враќањето на контролата над владините згради во Рамади.

Истовремено, ирачката државна телевизија, повикувајќи се на соопштение на армијата, јави дека осум високи команданти на ИД се убиени во воздушни напади на Военото воздухопловство на Ирак.

Нападите се извршени во провинцијата Анбар и во округот Хавиџа во провинцијата Киркук.

Заедно со командантите се убиени уште десетици членови на ИД.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top