| четврток, 6 декември 2018 |

Погледнете што се прават животните во близина на ова момче (фото)

Ирецот Алекс Диксон (29), ја заработи титулата на вистински „доктор Дулитл“ поради неговата способност да ги „наговори“ животните да се фотографираат со него.

aleks-fotofacebookscreenshot-1450872727-809935

Изгледа дека секое животно кое Алекс ќе го запознае се спријателува со него.

Алекс открил дека рецептот за ова е едноставен: Најважно е да им докажете дека се сигурни во ваша близина- изјавил овој млад човек.

Како што објаснил тој внимателно им се доближува на животните. За сите оние кои сакаат да направат вакви фотографии неговиот совет е да го исклучат блицот на фотоапаратот или мобилниот телефон. Исто така на животните треба да им пријдете со апаратот во рацете за да тие помислат дека тоа е дел од вашето тело. До сега Алекс направил 30 фотографии со различни видови на животни. Неговиот најголем сон е да направи фотографија на која ќе позира со лав иако стравува дека можеби тоа би било и неговото последно фото.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top