| четврток, 6 декември 2018 |

Битолчанец уценувал сограѓанин преку СМС порака

Битолската полиција поднесе кривична пријава против 46-годишен битолчанец поради сомневање дека сторил кривично дело „уцена“.

 

Портпаролот на СВР-Битола, Магдалена Димитровска соопшти дека целиот настан се случил во текот на денешниот ден кога Ј.К. е лишен од слобода.

– Сакајќи да си обезбеди противправна имотна корист, пријавениот Ј.К. денеска од неговиот мобилен телефон преку СМС-пораки му се заканил на 51-годишниот Ј.Б. од Битола дека ќе открие настан што ќе му наштети на неговата чест и углед доколку не му исплати 500 евра. Ј.Б. го пријави случајот во полиција. Денеска околу 10 часот Ј.К. отишол во канцеларијата на Ј.Б. и му дал плик со 500 евра претходно технички обработени, изјави Димитровска.

Од страна на СВР-Битола по преземени мерки и активности, Ј.К. е лишен од слобода и кај него е најден плик со 500 евра во различни апоени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top