Притвор за две, а превентивни мерки за 17 лица кои беа приведени во акцијата „Геодет“, им одреди судијата по претходна постапка по предлог на скопското Јавно обвинителство.
– Во Основниот суд Скопје 1 – Скопје во текот на вчерашнот ден пред судија на претходна постапка беа доведени 19 лица од Скопје, приведени во акцијата „Геодет“. Јавното обвинителство од Скопје за 17 лица до судија на претходна постапка достави Предлог за определување на превентивни мерки, а за две лица е доставен Предлог за определување на мерката притвор, стои во денешното соопштение од Основниот суд Скопје 1 – Скопје.
По разгледување на предлозите и на фактите и околностите, судијата на претходна постапка постапи и донесе одлука со која се определува, како што се наведува во соопштението, притвор за две лица за кривични дела –„примање поткуп“ од чл.357 ст.1 и „злоупотреба на службената положба и овластување“ од чл.353 ст.1 в.в со чл.22 и чл. 45 од Кривичниот законик.
– Забрана за напуштање на престојувалиште, односно живеалиште, привремено одземање на патна исправа и забрана за преземање на работни активности поврзани со кривичното дело, за девет лица за кривичното дело – „злоупотреба на службена положба и овластување“. Забрана за напуштање на престојувалиште, односно живеалиште и привремено одземање на патна исправа за еден осомничен за кривично дело – „поткуп“, за еден осомничен за „злоупотреба на службена положба и овластување“ и за шест лица за кривично дело „поднесување на лажни докази“, се наведува во соопштението од Кривичниот суд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.