| четврток, 6 декември 2018 |

МОК обезбеди 60.000 долари за РФМ во пресрет на ОИ во Рио 2016

makedonski olimpiski komitet

Претседателот на Македонскиот олимписки комитет, д-р Васил Тупурковски, обезбеди 60.000 долари за најдобрите македонски ракометари, во насока на нивни што е можно подобри подготовки за Европското првенство во Полска, каде што може да се избори директно учество на ОИ РИО 2016, а доколку биде потребно и на квалификациониот турнир за учество на Олимписките игри.
Финансиските средства се веќе на сметка на РФМ, и МОК верува дека нашите најдобри ракометари во 2016 година, ќе го дадат своето најдобро и ќе го реализират сопствениот, а и сонот на сите граѓани на Македонија.
Во исто време, МОК доби и покана од организациониот комитет како и од Полскиот олимписки комитет да биде нивен гостин за време на ЕП во Полска, која МОК со големо задоволство ја прифати.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top