Ансамблот за народни игри и песни „Танец“ вечерва, 23 декември, на големата сцена на Македонската опера и балет ќе го одржи традиционалниот новогодишен концерт.
„Танец“ претставува симбол на македонскиот фолклор, традиција и култура веќе шест децении. Тој е културен амбасадор кој ја презентира и споделува богатата македонска традиција во земјата и во светот. Има учестувано на повеќе од 4.500 концерти во земјава и светот. Официјано е формиран во мај 1949 година со указ од тогашната влада.
За успехот на „Танец” говорат бројните награди и признанија како што се „11 Октомври”, „Климент Охридски”, наградата од градот Скопје „13 Танец Ноември” како и орденот на заслуги доделен од претседателот на Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.