| четврток, 6 декември 2018 |

Цртите на лицето откриваат какви сте во кревет

Сексологот Трејси Кокс, проучувајќи ги древните кинески учења, открила одредени причинско-последични врски со цртите на лицето и однесувањето во кревет.

секс 3

Покажи ми ги лицето и ќе ти кажам каков си во кревет – тактика на сексологот Трејси Кокс. До овој заклучок дошла проучувајќи ги древните кинески учења, поради што сега го брани тврдењето дека на основа на цртите на лицето, може да се заклучи какви се луѓето во сексот.

Веѓи

Луѓето со ретки и кратки веѓи имаат богата смисла за хумор, но сиромашна желба за секс. Оние пак кои имаат густи, се вели дека се отворени за сексуални експерименти.

Очи

Оние со светли очи се во потрага по предизвик, така да љубовта не им е многу важна, па се склони кон неверство. Темните очи се својствени на страствените личности, кои уживаат во долг секс, а оние со сини и зелени се кретивни на ова поле, додека кафенооките се вистински авантуристи и големи љубовници. Кога некој гледа нагоре, значи дека станува збор за сензуална личност, во спротивно се работи за нежни личности.

Усни

Луѓето со големи усни, важат за несебични љубовници, а ако имаат и полни усни, тогаш се сензуални. Малите усни се одраз на лица со бујна фантазија, кои притоа се лојални. Доколку имате поголема горна усна, значи дека имате силен сексуален нагон, а спротивната позиција говори за личности кои лесно доживуваат оргазам. Полната долна усна е карактеристична за оние кои постојано трагаат по нови уживања, а ако е изразено тенка, значи дека „апетитот“ е минимален.

Нос

Прчестиот нос ја оддава романтичната личност која преферира традиционални пози, а не експериментирањето од кое се гуши. Луѓето со рамен или многу малку крив нос го обожаваат сексот и одлични се во кревет, бидејќи се врели и педантни. Малиот нос е симбол на скромна сексуална желба, а оној кој е малку заоблен е симбол на сензуалност. Луѓето со крив нос се многу страствени и потполно предани во текот на односот.

Уши

Луѓето со мали уши имаат силен сексуален нагон и лесно го задоволуваат партнерот, мада тие сами често не можат да се опуштат и да го достигнат врвот. Луѓето со поголеми уши се сензуални и страствени љубовници.

Подочници

Ако некој има мали и тенки подочници, значи дека има добри „апетити“ и секогаш е подготвен и отворен за секс. Дебелите и поизразени подочници се карактеристични за личноста која многу размислува за тоа, има силно либидо и сака да експериментира.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top