Туристот Мет Јанг со читаталите на сајтот „News. com“ го сподели своето непријатно искуство од посетата на Њујорк.
Празниците се ближат, а славењето на Божик во Њујорк претставува особено прекрасно искуство. Навикнати на западната традиција, многу жители на Европа и Австралија на другите им посакуваат среќен Божиќ.
Меѓутоа, зборовите „Merry Cristmas“ многумина туристи можат да ги доведат во многу непријатна ситуација.
-За жал, тоа самиот го осознав на потешкиот начин. Кога при посетата на Њујорк во 2014 година на еден таксист му посакав среќен Божик, тој се сврте и почна да ме навредува в лице. Бев шокиран! Како може толку вообичаената фраза да биде толку навредлива? Мој пријател подоцна ми објасни дека изговорањето на овие зборови таму се смета за политички некоректно. Место тоа, на другите требало да им се посакаат среќни празници, вели Јанг.
Според наводите на ЕЈ-Би-Си њуз, Божик е време на „зимска културолошка војна“ и „ измешани чувства“:
„Секој обид во овој христијански празник да се вклучат и припадниците на другите вероисповеди може да ги разбесни оние кои Христос го сметаат за централна точка на празничната сезона. Тоа, понекогаш, може да се претвори во вистинска политичка битка“, наведува телевизијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Жена со нож нападна деца во градинка во Њујорк
-
Владимир Десков, Ана Ивановска Дескова и Јован Ивановски куратори од Македонија за изложбата „Towards a Concrete Utopia: Architecture in Yugoslavia 1948-1980“ во Њујорк
-
Испратил електорнска порака и потоа се самозапали во Њујорк
-
За една недела нова рунда разговори за името во Њујорк