| четврток, 6 декември 2018 |

Спречен напад во францускиот град Орлеан, мета биле државници, полицајци и војници

­ Францускиот министер за внатрешни работи Бернар Казенев денеска во Тулуз соопшти дека бил спречен напад во регионот на градот Орлеан.

francuska_policija_ap

Како што јави дописникот на МИА од Париз, нападот бил спречен од Дирекцијата за внатрешна безбедност, што претстваува десетта спречена терористичка акција во последните две години.

Казенев информира дека оо повеќемесечна истрага, две млади лица на возраст од 20 и 24 години биле уапсени во саботата во Орлеан. Тие биле поврзани со друго лице од регионот, кое заминало во Сирија.

Во текот на нивното сослушување, тие признале дека пронашле финансии и барале да се снабдат со оружје со цел да извршат напади.

Цел на нивните напади требало да бидат државни претставници, полицајци или војници, а размислувале и за напад врз касарна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top