| четврток, 6 декември 2018 |

Трик за носење високи потпетици без болка

Плускавците не мора да бидат последица од носење нови високи потпетици. Новиот кожен модел чевли разгазете го со помош на овој едноставен трик за кој ви се потребни само една ситница и малку време.

stikle-odgovaraju

Што ви е потребно? Пар нови чевли и памучни чорапи.

Што треба да направите? Три дена пред забавата, пред да ги облечете високите потпетици, прво облечете памучни чорапи, па шетајте дома барем 20 минути дневно. Повторете ја оваа постапка секој ден до моментот на забавата на која планирате да ги носите овие чевли.

Зошто овој трик има ефект? Памучните чорапи ќе ја развлечат кожата според обликот на вашите стапала и ќе ви овозможат во првото излегување да уживате без болка и плускавци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top