| четврток, 6 декември 2018 |

Членови на синдикатот: Ременски закажува состаноци, а потоа не се појавува на нив

Техничкиот министер Фросина Ташевска Ременски закажува состаноци, а потоа не се појавува на истите, обвинуваат членовите на синдикатот.

frosina-remenski-740

– Откако за вчерашниот ден беше најавен прес пред Министерството за труд и социјална политика еден час пред одржувањето на пресот од страна на техничкиот министер г-ѓа Фросина Ташевска Ременски со СМС бев информиран, односно  ни беше закажан состанок по одржување на прес конференцијата во Министерството за труд и социјална политика, на кој состанок требаше да се сретнеме ние членовите на синдикатот и министерката за труд и социјална политика, вели Игор Микев.

Ви го пренесуваме целиот текст интегрално:

Би сакал да ве информирам дека, заедно со колегите со кој го држевме пресот отидовме на закажаниот состанок со техничкиот министер г-ѓа Фросина Ташевска Ременски но истата  иако не покани, не не удостои со прием и воопшто не присуствуваше на состанок кој беше закажан лично од неа . На состанокот требаше да се разговара по оваа за нас  многу сериозна тема за која баравме и  сакавме да разговараме лично со најодговорниот во моментот односно техничката министерка г-ѓа Фросина Ташевска Ременски, но наместо средба со министерката,  не прими шефот на кабинет на техничкиот министер г-ѓа Јована Тренчевска и лицето Мила Царовска  која не знаеме во кое својство беше на состанокот, само од јавноста знаеме дека е претседател на Партиската комисија за труд на СДСМ .

На состанокот бевме информирани дека дописот кој го  испративме официјално  до министерката г-ѓа Фросина Ташевска Ременски уште на 9.12.2015 година и кој уредно е заверен и предаден во архивата на Министерството за труд и социјална политика, а со   кој ја известуваме министерката за целата незаконска постапка која ја спроведува лицето Пецо Грујовски во Синдикатот на УПОЗ,  со непочитувањето на Статутот на Синдикатот на УПОЗ, поврзани со процедурите и начинот на организирање на Седмото собрание на Синдикатот на УПОЗ односно изборите кои требаше да се одржат во синдикалните организации членки на Синдикатот на УПОЗ, не го добиле, односно не знаеме од кои причини не сакаа да кажат дека го имаат добиено.

Преку ова соопштение лично од министерката г-ѓа Фросина Ташевска Ременска  бараме да се огради и да не биде учесник во кршењето на законите, со потпишување на решение со кое би овозможила запишување во регистарот на синдикати на нов мандат за застапување на Синдикатот на УПОЗ од лицето Пецо Грујовски – ( лице против кого имаме поднесено кривична пријава ), односно ја предупредуваме дека со потпишување на такво решение  би дала легитимитет на еден недемократски и нестатутарен, а воедно и не законски чин и со тоа дејство и самата ќе направи прекршување на законот.

Воедно сакаме да ја запознаеме јавноста и министерката дека во  Република Македонија има институции на кои им веруваме и кои според  Уставот и  Законите во Република Македонија ќе го расчистат овој случај докрај и ќе спроведат соодветна  правна завршница .

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top