| четврток, 6 декември 2018 |

Концерт на Ермаљ Мехмети и Јета Старова Мехмети

Во Салонот 19:19 во среда, 23 декември со почеток во 20 часот ќе се одржи концерт „Македонско – албанска вечер“ на Ермаљ Мехмети – виолина и Јета Старова Мехмети – флејта.

Јета Старова Мехмети- флејта основно музичко образование завршува на Парискиот Конзерваториум “Франсис Пуланк” во класата на проф: Стефан Лимонер. Средно музичко образование завршува во ДМБУЦ “Илија Николовски-Луј” во Скопје, во класата на проф. Бети Станковска. Со музичка наобразба продолжува во Парис, каде студира и дипломира на Националниот Музички Конзерваториум “Алфред Корто”, во класата на светски познатиот флејтист Пиер-Ив Арто. Во текот на студиите во Париз членува во Парискиот оркестар на флејти. Магистрира на државниот универзитет “Свети Кирил и Методиј” во Скопје, под менторство на албанскиот флејтист Елвис Руди.

Ермаљ Мехмети е разноврсен музичар: виолинист, композитор и аранжер. Основно и средно музичко образование завршува во ДМБУЦ “Илија Николовски-Луј” во Скопје. Со музичка наобразба продолжува во Тирана, Албанија каде студира и дипломира во Академијата за Уметности, во класата на светски познатиот виолинист и педагог проф: Ибрахим Мадхи. За време на студискиот претстој во Тирана формира повеќе џез ансамбли со кои настапува ширум Албанија. Тогаш започнува неговиот интерес за преработка на стара албанска музика и компонирање театарска музика. Со стипендија на француската Влада, специјализира на Националниот Музички Конзерваториум “Алфред Корто” во Париз во класата на проф.Соланге Дессане.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top