Поранешниот сопруг на Северина Којиќ, Милан Поповиќ раскинал со хрватската пејачка Слаѓа Петрушиќ бидејќи не го држела „јазикот за заби“. Слаѓа откако ја почнала врската со Милан буквално не прекинуваше да збори за него што на Милан воопшто не му се допаѓаше.
Кралот на бакар воопшто и не тагуваше по раскинувањето на врската со Слаѓа туку веднаш започна врска со Уна Бошковиќ, годинешната финалистка за изборот за мис на Србија.
Милан во 27 години помладата манекенка се вљубил на прв поглед, тврди добро информиран извор. Тие двајца неодамна отпатувале во Кан каде поминале неколку романтични денови.
-Уна и Милан се познаваат подолго време , а врската ја започнаа пред неполн месец. Тој во неа се вљуби штом ја запозна, но му требаше доста време и упорност за да ја освои. Буквално е маѓепсан со неа, а вели и дека во се си одговараат. Најважно му е што е комуникативна и дружељубива но најважно му е што е дискретна и не се фали на сите страни дека е со него како што тоа го правеше Слаѓа Петрушиќ – изјавил анонимен извор за медиумите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.