Двајца заболени од свински грип се борат за живот а уште десетина пациенти, меѓу кои и едно 7-годишно дете, се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, информираа надлежните од Клиниката и од Министерството за здравство.
Пациентите кои се во животно загрозувачка состојба се мажи на 38 и 70 годишна возраст, кои живеат вон Скопје. Помладиот има воспаление на белите дробови и уште веднаш по приемот е приклучен на апарат за дишење.
И на Клиниката за детски болести се лекуваат десетина деца заболени од грип, кои се во стабилна здравствена состојба.
Има вкупно 13 потврдени случаи на грип, од кои најголемиот број (11) се откриени токму во последните 4 дена. Осуммина се заразени со пандемиски, односно свински грип А(Х1Н1), а тројца имаат сезонски грип А (Х3Н2).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.