Норвешката хуманитарна организација CARE сними моќно видео со кое сака да предупреди за последиците на сексизмот кон жените, кој во нашата култура е нормална појава.
Во писмото, кое неродената ќерка како возрасна девојка му го пишува на татка си, опишан е животот на жените ширум светот кои страдаат поради мозигинијата, сексизмот кон жените.
„Ќе се родам како девојче, што значи дека веќе од 14 години машките ќе ме викаат курва, дроља и со слични имиња, бидејќи момчињата тоа го прават од забава, па тоа нема да те загрижува и јас тоа го разбирам. Можеби и ти си правел исто кога си бил млад, пробувајќи да ги импресионираш своите пријатели. Сепак, некои луѓе нема да ја разберат шегата, а она што е најсмешно е што тоа нема да биде некоја девојка, туку некој од тие дечки“, почнува потресното писмо.
„Затоа, до времето кога ќе наполнам 16 години, некои од нив ќе пикнат раце во моите пантолони кога ќе сум толку пијана, што нема да можам ни да стојам исправено. И иако ќе речам ‘не’, само ќе се насмеат. Смешно, зар не? Кога би ме видел, тате, би ти било срам, бидејќи сум мртва пијана. Не е ни чудо што ме силоваа кога имав 21“, продолжува текстот.
„Имам 21 година и на пат кон дома ме нападна синот на твјот пријател, со кој секоја среда одеше на пливање. Типот кој секогаш кажувал навредливи вицови, но тие биле само шега, па си се смеел. Кога би знаел дека неговиот син ќе ме силува, би му рекол да се прибери. Но, како си можел да знаеш? Тој бил само момче кое кажувало чудни шеги и тоа не бил твој проблем. Си бил пристоен. Но, неговиот син е пораснат со тие шеги и тоа стана мој проблем“, пишува понатаму таа.
„Тогаш конечно го запознав ‘господинот совршен’ и ти си толку среќен за мене, бидејќи тате, тој ме обожава. Но, еден ден ќе престани да биде совршен, а јас нема да знам зошто. Но, ако нешто знам е дека не сум тип ‘жртва’. Родена сум и воспитана да станам силна и независна жена. Но, една ноќ ќе му дојде преку глава и ќе ме нарече курва, баш како што ти еднаш и викна на тоа девојче во основното школо. Следниот ден ќе ме удри. Mислам, претерав, навистина понекогаш сум вистинска кучка. Се уште сме најдобрата двојка на светот и збунета сум, бидејќи го сакам и го мразам истовремено и не сум сигурна што направив погрешно. Потоа еден ден скоро ќе ме убие од ќотек, и се поцрнув – иако имам диплома и фантастична работа, пријателите и семејството ме сакаат, добро сум воспитана и никој не го очекуваше ова…
Драги тато, ова е услугата што ќе ти ја побарам. Една работа води кон друга. Те молам, спречи го тоа пред да има прилика да почне. Немој да дозволиш моите браќа да ги нарекуваат девојките курви, бидејќи тие тоа не се, а еден ден некое момче ќе помисли дека тоа е вистина. Не прифаќај навредливи шеги од чудни мажи покрај базен, ниту од пријателите, бидејќи позади секоја шега се крие мала вистина.
Драги тато, знам дека ќе ме заштитиш од лавови, тигри, оружја и автомобили, без да размислуваш дали со тоа си го доведуваш сопствениот живот во опасност. Но, драги тато, ќе се родам како девојче. Те молам, превземи се за тоа да не биде најголемата опасност од сите“, завршува писмото.
Погледнете го видеото тука.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.