Кај крадците и измамниците бесконечна е листата на наоѓање на методи со помош на кои ни го одземаат нашиот имот. Ако направите само еден погрешен потег,можете да го изгубите не само автомобилот туку дури и животот за само неколку секунди.
Денес е се потешко да ги исклучите алармите на автомобилите. Тие се опремени со системи кои даваат одлично ниво на сигурност и доверба.
Но крадците исто така не седат со скрстени раце. Тие деноноќно работата на изнаоѓање на нови начини да ве измамат.
Замислете дека сте го паркирале автомобилот во близина на супермаркет, сте биле во шопинг и се враќате со полни кеси го полните багажот и го стартувате автомобилот и забележувате на шофершајбната под брисачот како ви стои банкнота и тоа поприлично вредна.
Што во тој момент прво ќе помислите?
О, каква среќа! Ккава радост!Но, не. Тоа е само иатр трик да ви го грабнат автомобилот. Парата ја ставаат токму таму бидејќи мора да излезете да ја земете.
Особено често ваквите работи се случуваат на паркинзи и гаражи, каде автомобилите стојат со предниот дел до ѕидот и парата ја забележувате токму кога сте подготвени да тргнете.
Вие ја забележувате банкнотата, излагате од стартуван автомобил, крадецот влегува и моментално го вози автомобилот токму пред вас. Тоа се случува толку брзо што вие не стигнувате да реагирате од збунетост.
Бидете претпазливи, споделете го ова и запомнете: брза кучка раѓа слепи кучиња.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.