| четврток, 6 декември 2018 |

Хартиените билети во автобусите на ЈСП ќе може да се користат до 1 мај

јспГраѓаните не треба да се грижат како ќе се снајдат со новите видови електронски картички од 1 јануари, бидејќи надлежните решија до 1 мај в година паралелно да можат да се користат и старите хартиени билети. А, дотогаш во електронскиот систем ќе бидат вклучени и приватните превозници.

Целта е на патниците да им се овозможи период да се навикнат на новиот систем на наплата. Тоа значи дека тие што ќе го користат електронскиот систем за наплата ќе може да платат со електронски паричник, преку електронската картичка откако на билетарница на ЈСП го запишале видот на билетот или со мобилен телефон, но и со хартиен билет за 10 возења и билет купен кај возачот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top