| четврток, 6 декември 2018 |

Полицијата трипати го застанувала парискиот терорист Абделсалам, а потоа го пуштала

салах

Најбараниот европски терорист Салах Абделсалам, полицијата трипати го застанувала по извршените терористички напади во Париз на 13 ноември, но веднаш потоа го пуштала, изјави возачот на автомобилот со кој Абделсалам избега од Париз.

Дваесет и шестгодишниот Абделсалам сѐ уште се наоѓа во бегство, а француските власти веруваат дека  побегнал во Сирија.

Хамза Ату, пријател на Абделсалам од Белгија, истакнал пред обвинителите дека тие двајца биле трипати застанувани додека возеле кон Брисел по нападите во Париз.

Ату, кој е обвинет за „помагање во терористички активности“, бидејќи го возел Абделсалам во Белгија, изјави пред властите дека полицаецот што првпат ги застанал ги прашал дали консумирале дрога. Другите двапати, полицијата од бегалците побарала само да покажат лични карти, по што им било дозволено да продолжат.

Абделсалам, наводно, не се обидувал да го прикрие својот идентитет и на полицијата при третиот обид ѝ ја дал својата вистинска адреса во бриселското предградие Моленбек.

Автомобилот со кој тие патувале подоцна е пронајден во Моленбек. Ату и уште едно лице се набрзо уапсени, додека по Абделсалам сѐ уште се трага.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top