Премиерот Никола Груевски и заменик-министерот за труд и социјална политка Диме Спасов денеска беа во посета на Домот на деца без родители „11 Октомври“ во Скопје каде што им доделија новогодишни пакетчиња на децата.
– Сакам да ви ја честитам новата 2016 година и да ви посакам здравје и успех. Се надевам дека во новата 2016 година не само што ќе бидете поголеми, туку ќе бидете помудри и многу посреќни – им порача премиерот Груевски на дечињата.
Децата изведоа пригодна програма за премиерот и за заменик-министерот и им врачија подароци изработени од нивните раце во рамките на креативните работилници во Домот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.