| четврток, 6 декември 2018 |

Возач прободен со нож од eмигрант на патот Градско ­- Велес

Деветнаесетгодишен кавадарчанец со нож бил прободен во левата нога, а седумнаесетгодишен малолетник од Демир Капија бил удрен во пределот на лицето, синоќа околу 18 часот на регионалниот пат Градско-­Велес, откако се обиделе да измамат пет eмигранти што ги превезувале, велејќи им дека кај фабриката „ХИФ“ е границата, информираше денеска  Анита Стојковска, портпарол на СВР Велес. ­

policija

 

– Деветнаесетгодишен жител на Кавадарци и седумнаесетгодишен малолетник од Демир Капија со патнички автомобил марка „мерцедес“ со кавадаречки регистерски ознаки, превезувале пет емигранти, четири од Мароко и еден од Алжир – соопшти Стојковска.

Кога пристигнале на исклучувањето кон фабриката „ХИВ“, било побарано од емигрантите да го напуштат возилото затоа што наводно стигнале на граница. Притоа дошло до меѓусебна тепачка. Возачот со нож бил прободен во левата нога, а малолетникот бил удрен во пределот на лицето. ­

– Повредените со возило на Итната медицинска помош се префрлени во Медицински центар Велес, а емигрантите се пронајдени и доведени во велешкиот Сектор за внатрешни работи – Велес. Се преземаат мерки за целосно расветлување на случајот – нагласи Стојковска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top