Кире Лазаров одигра перфектен натпревар во финалето на АСОБАЛ купот на Шпанија постигунувајќи 10 гола и со тоа го одведе својот тим Барселона до победата над Ла Риоха од 35-31.
Лазаров натпреварот го започна од клупата, но откако резултатот не му одеше во прилог на европскиот шампион, тренерот Чави Паскал го внесе во игра и нашиот капитен ја направи разликата во квалитет и стигна до пехарот.
Ла Риоха беше достоен ривал во првите 30 минути кога на семафорот стоеше 18-18, а во вториот дел каталонската машинерија предводена од „бомбардерите” Лазаров и Жалуз се погрижи за рарзрешување на сите дилеми на средбата.
Така Барселона стигна до третата титула во оваа сезона, а Лазаров по четврти пат триумфира во ова натпреварување, со што ја освои 48 титула во својата дводецениска кариера.
Нашиот репрезентативен капитен беше прогласен и за МВП на АСОБАЛ купот, со што уште еднаш се потврди фактот дека искусниот бек е лидер на оваа генерација на Барселона.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.