| четврток, 6 декември 2018 |

Путин: Не го сакаме враќањето на СССР, но никој не ни верува

путин

-Русија не се обидува повторно да го воспостави Советскиот Сојуз- изјави рускиот претседател Владимир Путин, додавајќи дека проблемот е што „никој не сака да поверува во тоа“. ­

-Кога станува збор за Украина и другите републики од поранешниот СССР, сигурен сум дека нашите партнери не работат во интерес на Украина, туку работат на спречување на повторното создавање на СССР- рече Путин во синоќа емитуваниот документарец „Светски поредок“, пренесуваат француските медиуми. -Никој не сака да верува дека ние не се обидуваме да го вратиме Советскиот Сојуз – истакна рускиот претседател.

Во документарецот емитуван на каналот „Росија 1“ Путин, исто така, ја критикуваше интервенцијата на Западот на северот од Африка и на Блискиот Исток. ­

-Не можете само така да воведете своја верзија на демократијата и доброто и злото за луѓето од други култури, друга вера и традиција, и тоа на тој механички, автоматски начин – истакна Путин.

-Се чини дека Западот мисли дека е непогрешлив, но кога ќе дојде време за преземање одговорност, нив нигде ги нема – наведе рускиот претседател.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top