| четврток, 6 декември 2018 |

„Охридско лето“ најави соѕдвездие од големи уметнички имиња

Фестивалот „Охридско лето“ ја објави програмата за оваа година. На сцената на Антички театар, според организаторите, повторно ќе може да се проследат најголемите, најславните и најуспешните. Според првите луѓе на фестивалот, ако  по ѕвездите се паметат фестивалските изданија, за ова се најавува големо соѕвездие од големи уметнички имиња кои ќе понудат врвни креации и несекојдневни уметнички доживувања за фестивалската публика.

– Минатата година имавме успешно издание, а годинава најавуваме спектакуларно лето. Заедно со поддршката на Министерството за култура, новата градска управа на Охрид и градоначаликот Никола Бакрачески, како и со помошта на нашите пријатели, помагатели и спонзори, донатори, ќе направиме чекор плус кон успехот – најави директорката на фестивалот Елизабета Јанкуловска.

Со голем спектакуларен концерт на оперската ѕвезда Дмитри Хворостовски ќе се отвори 53. издание на фестивалот. На 12  јули, љубителите на уметноста ќе имаат ретка мошност да уживаат во, како што вели стручната критика, моќниот глас на уметникот со вродено чувство за музика и природно легато.

– Со гордост можам да најавам голем спектакл за отворањето на фестивалот „Охридско лето 2013“. На сцената на Антички театар на 12 јули незаборавен настап на најголемата оперска ѕвезда Димитри Хворостовски. Убедена сум дека овој концерт ќе ѝ донесе на публиката едно неповторливо доживување, а ние ќе запишеме уште едно големо име од светската елитна сцена во богатата фестивалска историја – рече Јанкуловска.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top