„Ројтерс“ објави приказна за Кирил Шамалов (33) кој е оженет со Катарина Тихомирова, наводно вонбрачната ќерка на рускиот претседател Владимир Путин. Оваа одлука, според „Ројтерс“ му донесе на Шамалов 1,3 милијарди долари позајмица од “Гаспромбанка“.
По неодамнешните негирања од Кремељ за веста дека Тихомирова му е ќерка на Путин, „Ројтерс“ одби да објави исправка, а сега на јавноста и понуди одлична статија за Шамалов. Тој според „Ројтерс“ во 2013 стана уште поголема ѕвезда во рускиот бизнис, неговиот подем се движеше со брзина на ракета.
Ројтерс ја опиша ексклузивната венчавка која се случила во фебруари 2013 година во малото скијачко одморалиште Игора северозападно од Санкт Петербург, коспопственик е Јуриј Ковалч, стар пријател на Путин. Еден од 5те сведоци кој и се довери на агенијата за оваа венчавка тврди дека им е кажано дека младенците се викале Кирил и Катерина, а потоа им била покажана фотографија.
Николај Шамалов, е таткото на Кирил, кој му бил партнер на Путин од 90-тите години, а братот на младоженецот Јуриј (45) во меѓувреме станал директор на државната гасна и петрохемиска компанија “Сибур“ и заменик директор на “Гаспромбанка“.
Ројтерс тврди дека Шамалов веќе во летото 2013-та година, неколку месеци по свадбата започнал преговори за купување дел во “Сибур“, а една година подоцна од “Гаспромбанка“ му одобриле кредит од 1,3 милијарди долари. Делот кој најмладиот Шамалов сега го поседува во “Сибур“ се проценува 2,85 милијарди долари.
Владимир Милов, поранешен заменик на министерот за енергетика кој е сега опозиционен активист, потврди дека блиски луѓе на Путин имоти стекнале со помош на кредити поврзани со државата.
Кирил Шамалов со тајната венчавка добил пристап до ексклузивни права во елитата кои Путин ги држи околу себе.
Димитриј Песков, портпарол на рускиот претседател, изјави дека ќерките на Путин немаат врска со политика, а ни со бизнис, а Шамалов го нарече “познат бизнисмен“.
– Колку што знаеме, сите негови активности се во рамките на законот на Руската Федерација. Долги години беше во менаџментот на компанијата “Субур“ и заедно со други високи менаџери има акции во неа – изјави Пешков.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


