Руските ловци ќе го следат сирискиот претседател Башар ел Асад при неговата посета на Иран, соопшти иранската агенција „Фарс“ повикувајчи се на либанскиот весник „Дијар“.
Како што беше претходно најавено, сирискиот претседател Асад кон крајот на декември или почетокот на јануари ќе отпатува во Техеран, иако никакви потврди од кабинетот на Асад сеуште не се пристигнати.
Посетата на Асад на Иран ќе биде негово второ патување во текот на последниве четири години, откако минатиот месец отпатува во Москва каде се сретна со рудкиот претседател Владимир Путин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


