Се вжештува атмосферата пред утрешното вечно дерби на градските ривали Работнички и МЗТ Скопје. И двете екипи во натпреварот влегуваат со три победи и без пораз во Суперлигата, а ова ќе биде нивно прво соочување по пауза од 13 месеци.
Во дуелот МЗТ влегува како фаворит за освојување на титулата откако имаше успешна сезона во АБА-лигата, а формата на тимот е во нагорна линија.
Сите љубители на кошарката очекуваат утрешниот натпревар да биде празник на кошарката во кој ќе се судрат две квалитетни екипи што ќе дадат сѐ од себе за да дојдат до победата.
Натпреварот се игра во салата „Градски парк“ со почеток во 19 часот.
За утрешниот спектакл „Република“ ќе подели 20 билети на своите читатели. Повеќе информации за доделувањето на билетите прочитајте на фан-страната на „Република“ на „Фејсбук“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


