| четврток, 6 декември 2018 |

„Ајронмен“ 3 – акцискиот блокбастер за сите генерации пристигнува во Македонија

„Ајронмен“ 3 ни пристига во Македонија на 25 април, една недела пред премиерата во САД! Македонската публика меѓу првите земји во светот ќе има можност во киното „Синеплекс“ да го погледне еден од најочекуваните и, секако, еден од најголемите акциски блокбастери оваа година – „Ајронмен“ 3.
IRON MAN 3

Станува збор за продолжение на суперпопуларната филмска франшиза, чиишто две први дела до денес заработиле повеќе од 630 милиони долари. Филмот е режиран од Шејн Блек, сценарист и режисер на многу фалениот „Цмок цмок банг банг“ (Kiss Kiss Bang Bang) во кој, исто така, играше и Роберт Дауни Јуниор, кој во третото продолжение на „Ајронмен“ по четврти пат ќе го одглуми незаборавниот јунак на Марвел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top