| четврток, 6 декември 2018 |

Турција најави повлекување на воените сили од Ирак

Турските власти најавија продолжување со повлекувањето на трупите од северен Ирак откако американскиот претседател Барак Обама го повика турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган тоа да го стори заради деескалација на тензиите со Багдад околу разместувањето на турската војска.

Земајќи ја предвид сензитивноста на ирачката страна, Турција ќе продолжи со процесот што веќе го почна во врска со повлекувањето на трупите стационирани во провинцијата Мосул, соопшти турското МНР.

Обама во петокот го повика Ердоган во телефонски разговор да ги ублажи тензиите со Ирак и да продолжи со повлекување на своите сили.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top