| четврток, 6 декември 2018 |

Хитлер имал само еден тестис

Од здравствениот картон на германскиот нацистички водач Адолф Хитлер, се гледа дека имал само еден тестис, пишуваат германските медиуми, со што “конечно“ се потврди британската шега од почетокот на Втората светска војна, која вели – “Фирерот има само едно јајце“.

 

hitler

Долго време и во научните кругови се нагаѓаше дека Хитлер имал еден тестис, а се шпекулираше дека вториот го загубил во битката на Сома во Првата светска војна.

Но, од здравствениот картон од времето кога Адолф Хитлер бил во затвор, по неуспешниот пуч од минхенската пивници во 1923 година, се гледа дека пател од „крипторхизам од десната страна“, што е термин за состојбата во која едниот тестис не е спуштен во скротумот.

Со години се мислеше дека не постојат медицински белешки за здравствената состојба на Хитлер, но тие се појавија на аукција во 2010 година и веднаш беа запленети од германските власти.

„Искусен лекар веднаш препозна за што станува збор!“, вели во изјава за најпродаваниот германски весник Билд, историчарот Петер Флејшман, кој го проучувал здравствениот картон на Фирерот.

Но, Флејшман не бил достапен за коментар по ова прашање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top