| четврток, 6 декември 2018 |

Рита Ора ја тужи издавачката куќа поради конфликт со Џеј Зи

Британската пејачка Рита Ора поднела тужба против својата издавачка куќа поради кофликт со Џеј Зи.

ritaOra-540x320

Пејачката на 18 години потпишала договор со издавачката куќа „Рок нејшн“ (Roc Nation), а сега тој договор сака да го раскине. Рита тврди дека нејзината издавачка куќа не ги почитувала правилата на кои се обврзале во наредните седум години.

Jay-Z

Во тужбата што ја поднела до високиот суд во Лос Анџелес, пејачката тврди дека компанијата ја „запоставила“ кога менаџментот на Џеј Зи се повлекол, а таа останала со помалку средства. Кога Рита потпишала, „Рок нејшн“ и нејзините извршни директори биле многу ангажирани околу неа како изведувач – напишала таа во изјавата. На крајот Рита останал сама, без посебен контакт со ниту една личност од компанијата.

Рита Ора, која не објавила албум од деби-албумот во 2012 година е нестрплива да ги објави своите снимени песни и конечно да ги усреќи обожавателите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top