Пред вечерашниот дуел меѓу Оклахома и ЛА Лејкерс, синоќа во еден ресторан биле забележани големите ѕвезди од НБА лигата, Коби Брајант и Кевин Дурант на вечера.
Двајцата кошаркари големи ривали на теренот, но секогаш имале огромно почитување еден кон друг, а Дурант во неколку наврати изјавуваше дека Брајант е негов идол, но и дека тој е најдобриот кошаркар на нивната генерација. жШтом оваа фотографија се појави на социјалните мрежи веднаш почнаа и шпекулациите и приказните околу темата на разговор на двајцата кошаркари. Навивачите на Лејкерс се возбудија, бидејќи сметаат дека Брајнт лобирал Дурант да биде негов наследник во Лос Анџелес со оглед на неговата пензија. Ѕвездата на Оклахома следното лето ќе биде слободен агент и ќе може да бира каде да ја продолжи кариерата или да остане верен на Тандер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.