| четврток, 6 декември 2018 |

Млад гостиварец два пати по ред бил претепен

полиција2-300x200
Вчера Б.М.(18) од Гостивар пријавил дека кога се враќал со неговата другарка од училиште бил запрен од четири лица од кои едното го познавал.

По кусата вербална расправија, тие го нападнале Б.М. удирајќи го со тупаници и клоци во пределот на главата и телото по што заминале. Б.М. продолжил кон блискиот пешачки мост во Гостивар, а тука го пресретнала поголема група, кои веднаш физички го нападнале, удирајќи го со тупаници и клоци и добил видливи повреди на главата и загубил свест.

Случајни минувачи му пружиле помош, а веднаш потоа бил пренесен во гостиварската болница за укажување на лекарска помош. Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top