| четврток, 6 декември 2018 |

Овчари од Тетовско се тепале со ножеви

noz krv

Двајца овчари од Тетовско се степале вчера додека го паселе добитокот во близина на селото Нераште.

Како што соопшти полицијата, инцидентот се случил околу пладне, кога дошло до расправија меѓу И.С.(33) и М.А.(59), кои се спречкале поради место за пасење. Во еден момент М.А. со остар предмет замавнал кон И.С. и го повредил во пределот на левата рака, а откако И.С. успеал да му го одземе предметот, М.А. извадил нож и го расекол и на десната рака. На И.С. потоа му била укажана лекарска помош во тетовската болница.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top