| четврток, 6 декември 2018 |

Четири вардарки во потесниот круг во изборот за најдобар тим во 2015 година

Ракометниот портал „Хендбол-планет“ традиционално и на крајот на оваа година го избира идеалниот состав во женска конкуренција.
За секоја од седумте позиции во тимот конкурираат по три ракометарки, а 18 новинари од 16 земји од еминенти спортски медиуми во Европа во потесниот круг сврстија и четири ракометарки на македонскиот шампион ЖРК Вардар.

ВАРДАРКИ ГО ПРЕГАЗИЈА МИТЈИЛАНД (17) (Custom)

Најдоброто лево крило во Европа за минатата сезона, Французинката Сираба Дембеле повторно е во изборот, но оваа година има сериозна конкуренција во името на Мајда Мехмедовиќ од Будуќност која ја освои Лигата на шампионите минатата сезона.

ВАРДАРКИ ГО ПРЕГАЗИЈА МИТЈИЛАНД (9) (Custom)

Номинирано е десното крило на Вардар, Јованка Радичевиќ, а во игра се и Андреа Пенезиќ како лев бек и Амандин Лејно меѓу голманите.

ВАРДАРКИ ГО ПРЕГАЗИЈА МИТЈИЛАНД (14) (Custom)

ВАРДАРКИ ГО ПРЕГАЗИЈА МИТЈИЛАНД (10) (Custom)

Во изборот на се собираат резултатите од онлајн-гласањето и од гласањето на жири-комисијата. Гласањето ќе трае до 6 јануари, а за изборот може да гласате ОВДЕ!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top