Во 2009 година Сања Кухар претрпела тешки повреди како резултат на сообраќајна несреќа. Од тогаш, над неа се извршени неколку оперативни зафати со надеж дека еден ден ќе се опорави.
Нажалост, во последно време нејзината состојба е драстично влошена и итно ѝ е потребен оперативен зафат на черепот кој е закажан за 6ти јануари 2016 во Бамберг, Германија.
Трошоците за истиот се 26.000 евра и поради ова ве замолувам, во овој период празници кога среќата, надежта и солидарноста се насекаде, да ѝ помогнеме на Сања да се врати меѓу нас, здрава и насмеана.
Телефонот за донации е: 070 143 122 (наскоро и телефони од други оператори)
Жиро сметки:
* Комерцијална банка АД Скопје, сметка бр.: 300007092326414
* Стопанска банка АД Скопје, сметка бр.:200002955203059
(Обете сметки се на име на Владанка Кухар)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.