Тренерот на фудбалскиот клуб Будуќност од Подгорица, Миодраг Вукотиќ е ранет синоќа, пренесува порталот Вјести. Во Вукотиќ наводно било пукано пред зградата во која живее. Тој итно бил пренесен во Ургентниот центар и засега нема подетални информации за неговата состојба.
Истрагата која е во тек треба да утврди кој и зошто пукал во Вукотиќ.
Тој во јуни на презема екипата на Будуќност која заврши на третото место во првиот дел од првенството во Црна Гора.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.