
Бизнисмените од Македонија, Бугарија и од Романија деновиве се договорија да се воспостават директни авиолинии на релациите до Тирана, Скопје, Софија и Бургас.
Во Софија деновиве се одржа македонско-бугарско-романски бизнис-форум на кој беше искажана неопходноста од вакво поврзување за зголемување на туристичкиот обем, зајакнување на врските меѓу бугарски и македонски тур-оператори и на бизнисмените. На средбата е разговарано и за подобрување на инфраструктурата меѓу Македонија и Бугарија.
Бугарија е четврти по обем трговски партнер на Македонија. На неодамнешното основање на Македонско-бугарската стопанска комора во Скопје е поставена целта македонско-бугарската размена во наредните две години да достигне повеќе од две милијарди евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


