Православните христијани во Македонија го празнуваат Свети Никола Чудотворец, светецот заштитник на децата, морепловците, девојките, сиромашните, учениците, пекарите, аптекарите, трговците, патниците…
Свети Никола е еден од најпочитуваните светци, a го слават и православните и католиците, но и дел од муслиманите, особено во Турција. Во Македонија и во светот има безброј цркви, манастири, икони и фрески кои се посветени на овој светец. Многу македонски семејства вечер со богата посна трпеза на која преовладуваат рибата и посните сарми ќе го прослават празникот.
Свeти Никола се поистоветува и со најомилениот лик во светот на децата популарниот Дедо Мраз.
Свети Никола е роден во градот Патара, Ликија, на јужниот брег од Мала Азија, како единствено дете на верните, богати и угледни родители Теофан и Нина. Уште со самото негово раѓање, Светото предание му припишува чуда. Неговата мајка, Нона, чудесно се излечила од болестите откако го родила. На денот на неговото крштевање, без човечка помош стоел на своите нозе три часа, за што подостојно да ја прослави Пресветата Троица. Уште од најрана возраст, како бебе го почитувал и се придржувал на постот в среда и петок, така што не го прифаќал мајчиното млеко во тие денови додека неговите родители не завршиле со вечерните молитви. Знаењето за духовниот живот Св. Никола го стекнал преку својот чичко Николај, епископот Патарски, кој го назначил прво за отец, а потоа и за свештеник.
Свети Никола починал во длабока старост на 6 декември 343 година според стариот Јулијански календар и бил погребан во градот Мир во Ликијската област во Мала Азија. Во 11. век кога Турците ја освоиле Ликија, неговите мошти биле пренесени во италијанскиот град Бари каде што се и денес
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Доаѓа славата Свети Никола: На овој ден се носат подароци, но никако не правете го ова…
-
Секое второ семејство слави Свети Никола – ни доаѓа големиот празник
-
Осветување на канбанаријата во црквата „Св.Никола“ во Љубанци
-
Првпат по неговата смрт: Цеца го направи она што го правеше Аркан секоја година (ФОТО)