| четврток, 6 декември 2018 |

Илија Малинковски и Драган Мијалковски избрани за кум и здравичар на Бадник

Илија Малинковски и Драган Мијалковски се прогласени за кум и здравичар на Бадник 2016, соопшти денеска Граѓанското здружение за традиционална прослава на Бадник во Скопје.

И годинава граѓаните на Скопје ќе имаат можност на 27 декември да поминат пријатни мигови на јужните падини на Водно во пријатна и опуштена атмосфера, каде што со симболичното сечење на бадниковите гранчиња заедно со Бадникарите ќе се радуваат на претстојните големи празници, порачуваат од Одборот за Бадник.

Прославата на Бадник ќе се одржи на 6 јануари на платото пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top