| четврток, 6 декември 2018 |

Бато ќе биде кум, Дечко здравичар

Untitled

Сашо Џитковски – Бато  ќе биде новиот кум за Бадник 2015 година, додека Благоја Анчевски – Дечко ќе биде здравичар. Ова е одлуката на Граѓанското здружние „Одбор за традиционална прослава на Бадник“.

Џитковски, кој потекнува од Дебар маало, поканата за кум на Бадник 2015  ја прифатил со големо задоволство.

Традиционално, на 28, последната недела во декември, од падините на Водно не скопјани ќе им биде најавено дека сѐ е готово за централното одбележување на Бадник, на шести јануари, на платото пред Собопрниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје.

Кумот за Бадник 2015 со пајтон ќе замине со преодниот ќуп, откако ќе прими благослов од поглаварот на МПЦ г.г. Стефан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top