| четврток, 6 декември 2018 |

Ставревски: Ќе се исполни предвидениот пораст

StavrevskiМакедонија годинава ќе успее да го оствари предвидениот економски резултат, порача вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески. Тој оцени дека постепено заздравување на европската економија може да се очекува во втората половина од годината.

– Сѐ уште има многу ризици, но се надеваме дека економската активност ќе оди во позитива и дека овој тренд што почна во Македонија во февруари со пораст на индустриското производство, ќе продолжи – истакна Ставрески изразувајќи надеж дека добри резултати ќе покажат и градежништвото и други сфери.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top