Синоќа на програмата беа само три натпревари во НБА лигата. Дербито се одигра во Кливленд каде „кралот“ Џејмс одигра фантастичен натпревар во победата на неговиот тим над Оклахома од 104-100.
Леброн „дабл-дабл“ учинок од 33 поени и 11 асистенции, му недостасуваше само уште еден скок за да дојде нов „трипл-дабл“ во кариерата. Покрај најдобриот играч на Кливленд уште пет негови соиграчи стигнаа до двоцифрен број поени. Тристан Томпсон постигна 14 поени, дополнети и со 15 скока, а Џеферсон имаше 13 поени. Кај Оклахома, двоецот Вестбрук – Дурант постигна повеќе од половина за својот тим, но и тоа не беше доволно за победата. Вестбрук дуелот го заврши со 27 поени и 10 асистенции, а Дурант дополни со 25 коша.
Џејмс Харден, пак, го водеше Хјустон до победата над Лејкерси со 26 поени и по шест скока и асистенции. Двајт Хауард имаше 16 поени и 15 скока. Кај Лејкерси, Коби Брајант дуелот го заврши со 22 поени, додека Џулијус Ренд дополни со 18 поени и 10 скока.
Шарлот ја запиша 15-та победа сезонава во која најдобар беше Џереми Лин со 35 поени и пет скока. Одличен во победничката екипа беше и Кемба Вокер со 27 поени, 7 асистенции и 6 скока.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.