| четврток, 6 декември 2018 |

Рита Ора ќе го тужи Џеј Зи

00028251

Постојат многу музичари кои би сакале да бидат дел од издавачка куќа на Џеј Зи и цел живот сонуваат да бидат дел од неговата корпорација, но ја немаат таа среќа.
Среќа е последниот збор, кој Рита Ора би го користела за својот продуцент. Пејачката не издала ниту еден албум во последните години и се опишува како сирак во фирмата на еден од најбогатите изведувачи.

Rita-OraТаа поднесе тужба против својот работодавец и нивната врска ја опишува како неповратно загубена.
Рита вели дека цело време сама ги финансира своите спотови, снимањето на песни и промотивните спотови.
Блиски на пејачката велат дека Ора има цели три албума, но едноставно не ги издава, бидејќи сака разделба со Џеј Зи.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top