Кристијано Роналдо е фудбалска мега ѕвезда, плејбој, модел на долна облека, а веќе станува и хотелиер.
– Отсекогаш сум сонувал да имам свој хотел, изјави 30 годишниот Роналдо пред „CNBC“, откако објави дека инвестирал над 40 милиони долари во четири хотели на „Pestana Hotel Group“, една од најголемите туристички компании во Португалија.
Хотелите ќе го носат името „CR7“ и ќе се наоѓаат во четири градови кои се поврзани со животот и кариерата на ѕвездата. Тоа се, неговиот роден град Фуншал, Лисабон, каде ја започнува фудбалската кариера, Мадрид поради неговиот ангажман во Реал и Њујорк, поради неговото евентуално преместување во американското првенство.
Првиот хотел ќе отвори во Фуншал, на островот Мадеира во текот на летото на 2016 година. На крајот на следната година ќе го отвори хотелот во Лисабон, додека третиот хотел се очекува да проработи во Мадрид, во 2017 година.
Роналдо ќе стане акционер во меѓународниот синџир хотели на „Pestana“, што ја одбележува неговата прва инвестиција надвор од светот на модата и спортот. Инвестицијата од 40 милиони долари, нема да многу да влијае на богатството на Роналдо, кое се проценува на 223 милиони долари.
Роналдо исто така изјави дека е убеден дека неговите хотели ќе се истакнат во оваа индустрија, која се соочува со сериозна конкуренција од страна на компаниите како „Airbnb“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



