| четврток, 6 декември 2018 |

Заврши „Профемина“, првата конференција посветена на женските прашања

Вчера во конференциската сала на Скопски саем се одржа првата регионална конференција „Профемина 2015“ со тема „Женското прашање во фокусот“. На шесте панели во рамките на конференцијата беа присутни најпознатите стручњаци во своите области, најпознатите од естрадата и најсоодветните соговорници за сите прашања што беа отворени и за кои се дискутираше со голем жар и емоции во текот на целиот ден.

Конференцијата ја отвори Јована Стојменовиќ, која го водеше целиот настан, а гостите ги поздрави Наде Стојилковиќ, главна уредничка на „Убавина и здравје“, македонското списание кое е и организаторот на „Профемина 2015“.

Во текот на денот свои излагања и дискусии имаа голем број на познати личности од земјата, жени од различни професии, а беа споделени многу искуства.

Специјална гостинка беше српската водителка Сузана Манчиќ, која порача дека жените треба да се држат и борат заедно за своите права.

Повеќе фотографии и детали на „Убавина и здравје“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top