Монасите секој ден собираат солзи од иконите во овој манастир на Руската православна црква која се наоѓа во Астраханската област.
Монасите од овој манастир известија дека иконата на Светите Царски Маченици била облеана со миро на 22 јуни, а потоа една по друга „заплакале“ и другите икони.
Во овој момент во манастирот мироточат 59 икони. Монасите ги собираат „солзите“ од иконите и ги испраќаат во Кананската црква.
Се верува дека мирото им помага на верниците да ги излекуваат различните болести.
-Можно е да ни дојдат промени или серозни искушенија, и дека Господ на овој начин ја засилува вербата на луѓето во верата. Постојат и толкувања дека иконите почнуваат да мироточат таму каде што луѓето изгубиле верба во Бога па тој им испраќа такви знаци- смета монахот Митрофан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.