| четврток, 6 декември 2018 |

Путин: Сакаме решение за кризата во Украина, но не по цена на народот

путин

-Москва сака решение за кризата во Украина, но не по цена на народот во источниот дел од таа држава- изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин.

Тој истакна дека Русија сака исполнување на договорот од Минск и е подготвена луѓето во југоисточна Украина да ги убеди дека е потребен компромис за политичко решение за судирот.

Путин на годишната прес­конференција нагласи дека Русија има персонал на исток во Русија кој спроведува одредени воени задачи, но негираше дека Москва има распоредено таму редовни трупи.

Путин вели дека Киев не исполнува во целост аспекти од договорот од Минск во врска со специјалниот статус на тој регион. Изрази очекување за влошување на трговските односи со Украина и оти Москва на Киев нема да му даде никакви трговски олеснувања од 1 јануари идната година.

Русија не планира да воведе какви било санкции кон Украина. Рускиот претседател наведе дека Русија е подготвена за обновување на односите со поранешната советска република Грузија кои се заладени по петдневната војна во август 2008 година. Русија, според него, е подготвена да го либерализира визниот режим за државјани од Грузија. Со оглед на пријавениот број новинари, Путин оваа година би можел да го урне рекордот од 2008 година по број на одговорени прашања. Тогаш таа цифра беше 106, а прес­ конференцијата траеше четири часа и 40 минути.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top