| четврток, 6 декември 2018 |

Анчелоти ќе го наследи Гвардиола на клупата на Баерн Минхен

karlo anceloti

Шпанскиот стратег Пеп Гвардиола на крајот од сезоната ќе го напушти Баерн Минхен, а тоа треба официјално да го соопшти на прес–конференција по натпреварот со Хановер в сабота. Сепак, јасно е дека ќе замине во Премиер – лигата, а најблиску до неговите услуги е Манчестер Сити. На негово место треба да дојде Италијанецот Карло Анчелоти.

Германските медиуми откриваат дека Анчелоти веќе имал разговори со раководството на Баерн Минхен и потпишал преддоговор, а на „Алијанц арена“ ќе пристигне во јуни, и ќе го води баварскиот клуб во наредните три сезони. Тој во кариерата ги има предводено Парма, Јувентус, Милан, Челси, Пари Сен Жермен и Реал Мадрид и досега нема работено во Бундес-лигата, а Баерн Минхен секако ќе му претставува нов голем предизвик.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top