Шампионот на Франција, Пари Сен Жермен посакува дополнително да ги засили напаѓачките редови во тимот за следната сезона, носејќи го полскиот репрезентативец Роберт Левандовски.
Фудбалерот на Баерн Минхен игра одлична сезона за „баварскиот“ тим и е на мета на големи европски гиганти меѓу кои и ПСЖ.
Како што тврди „Билд“ најбогатата понуда е токму од Париз каде тој би можел да пристигне како замена за Златан Ибрахимовиќ, за кого сѐ поверојатно е дека ќе си замине, а понудата изнесува неверојатни 15 милиони евра по сезона.
„Баварците“ јасно дадоа до знаење дека немаат намера лесно да се откажат од услугите на својот најистурен напаѓач, но главниот збор ќе го има фудбалерот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.