Чикаго е уништувач на победнички серии во НБА. По прекинувањето на низата на Мајами од 27 успеси по ред, синоќа ја урна и „тринаесетката“ на Њујорк никс. Чикаго победи со 118-111, по продолжение, откако во регуларниот дел беше 105-105. Кармело Ентони беше најефикасен со 36 поени и 19 скока, но попусто бидејќи заврши серијата на Никс. Кај домаќините Нејт Робинсон беше извонреден со 35 поени.
Во вториот дуел синоќа, Оклахома го обезбеди првото место во западната конференција по триумфот над Голден стејт со 116-97. Кевин Дјурент постигна 31 поен, 10 скока и осум асистенции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


